20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Барселона ќе го продолжи договорот со Пења, а потоа ќе го испрати на позајмица

Голманот на Барселона, Ињаки Пења, беше незадоволен од својот статус во клубот и сакаше да си замине пред истекот на договорот, кој му е со важност до следното лето. Сепак, голманот и раководството на „каталонците“ најдоа решение.

Барселона не сака комплетно да се откаже од него, па двете страни се договориле договорот да му биде продолжен за уште три сезони, а веднаш да замине на позајмица во Елче.

Така Пења ќе добие минутажа и ќе може да конкурира за место меѓу стативите. Шпанскиот голман пристигна во академијата на Барселона на 13-годишна возраст, а во 2022 година беше испратен на позајмица во Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести