Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е многу блиску до продолжување на својот договор со клубот. Неговиот актуелен договор, кој истекува во летото 2026 година, ќе биде заменет со ново долгогодишно решение.
Неговите претставници веќе подолго време преговараат со раководството на клубот. Според шпанските медиуми, новиот договор ќе биде потпишан наскоро и ќе биде важечки до 2030 година.
Платата на играчот се очекува да се зголеми значително, а неговата откупна клаузула ќе изнесува една милијарда евра. Се очекува Барселона да ја објави оваа вест на почетокот на следната година.
Во последно време, Јамал имаше неколку повреди, а моментно не е присутен на терените поради повреда на скочниот зглоб.