Барселона ќе го задржи столбот на одбраната

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, е подготвен да потпише нов договор со клубот бидејќи тековниот му истекува за година и пол.

„Сакам повторно да играм и да докажам на теренот дека заслужувам место во Барселона“, изјави 25-годишниот дефанзивец.

Преговорите меѓу клубот и играчот се одвиваат според планот, а очекувањата се дека наскоро ќе биде постигнат договор.

Араухо досега не настапи оваа сезона поради повреда која ја заработи за време на Копа Америка. Сепак, тој веќе е рехабилитиран и беше вклучен во тимот за последните натпревари на Барселона.

Уругваецот е дел од Барселона од 2018 година, кога беше доведен од Бостон Ривер и со своите настапи се промовира како клучен играч во одбраната на тимот.

- Оглас -

Најнови вести