1360 Барселона – Осасуна (20.00 ч.)
Ова е второ полуфинале од шпанскиот Суперкуп кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија, и во кој каталонскиот тим е апсолутен фаворит иако не игра убедливо сезонава. Во 2024 година, Барселона оствари две неубедливи победи, над Лас Палмас од 2:1 во Ла Лига и над Барбастро од 3:2 во Кралскиот куп.
Осасуна во првиот меч годинава ја совлада Алмерија со 1:0, а го победи Кастелон во Кралскиот куп по продолженијата. Барселона славеше на последните четири меѓусебни средби. Со победа, Барселона ќе си закаже пресметка со најлутиот ривал Реал Мадрид, кој синоќа во одличен натпревар го совлада Атлетико Мадрид.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.11)
3719 Јувентус – Фрозиноне (21.00 ч.)
Ова е натпревар кој ќе го даде последниот полуфиналист во Купот на Италија. Старата дама во првиот меч во 2024 година со убедливи 6:1 ја победи Салернитана во осминафиналето на Купот на Италија. Фрозиноне пак во претходната рунда приреди сензација со елиминацијата на Наполи победувајќи со убедливи 4:0, и тоа на стадионот „Диего Марадона“.
На последните четири меѓусебни дуели, Јувентус излегуваше како победник и само сезонава во мечот кој се играше во рамките на Серија А прими гол (2:1).
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.03)
1958 Сиваспор – Галатасарај (15.00 ч.)
Во турската Суперлига, Галатасарај и Фенербахче ја продолжуваат мртвата трка за титулата. Како по обичај, ако едниот тим победи во колото, тогаш и другиот ги освојува бодовите, а слично е и со неуспесите. Фенербахче вчера со 7:1 славеше над Коњаспор, а денеска Галатасарај е фаворит против Сиваспор. Минатата сезона двата меча во турската Суперлига завршија со триумф на Галатасарај (2:0 и 2:1).
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.50)
1959 Трабзонспор – Самсунспор (18 ч.)
Тимот на Енис Барди, Трабзонспор, се наоѓа на третото место на табелата во турската Супер лига и има одлична шанса со триумф да му избега на Бешикташ на четири бода. Трабзонспор има 33 бода, еден бод повеќе и натпревар помалку од Бешикташ.
Самсунспор се наоѓа во зоната за испаѓање, но победи на последниот дуел (1:0 против Караѓумрук). Последниот меѓусебен дуел во Суперлигата го одиграа пред 12 години и славеше Трабзонспор со убедливи 4:0.
Предлог тип: 1 & 1+ прво (2.24)
9066 Норвешка – Полска (20.30 ч.)
Ракометната селекција на Норвешка е фаворит од сенка на ЕП кое се игра во Германија. Норвежаните предводени од Сандер Сагосен на две СП по ред во 2017 и 2019 година играше во финалето, а на ЕП 2020 го освои третото место, но оттогаш не играле во полуфинале на големо натпреварување.
На контролните натпревари пред ЕП, Норвешка одигра три меча со половичен ефект, победа над Холандија (38:35), реми со Данска (27:27) и пораз од Египет (23:28).
Полска е редовен учесник на големите натпреварувања, но речиси една деценија се без забележителен резултат (последен пат играа во полуфинале во 2015 на СП во Катар). На подготовките одиграа пет ефикасни натпревари, од кои на два даде дури 38 гола, а најмалку што постигна беа 25 гола против силната Шпанија.
Предлог тип: > 57.5 (1.90)