1002 Лестер – Вест хем (21:15)
Екипите на Лестер и Вест хем имаат одличен просек на постигнати голови на нивните натпревари во Премиер лигата. На натпреварите на Лестер се постигнати 43 гола, додека на оние на Вест хем 41, што значи дека и двете имаат просек над три гола по меч. Лестер е со серија од седум натпревари на кои имало минимум два гола, а само на еден од нив не било 3+. Во меѓусебните дуели на последните 13 имало најмалку po два гола, а последниот заврши со победа на Лестер од 2-1.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)
1301 Мајорка – Барселона (19:00)
После одичниот почеток на Ла Лига, Барселона е во криза и веќе три натпревари по ред не знае за победа. На гостувањето кај Мајорка нема избор и ќе мора да победи, во спротивно може да падне дури и на третата позиција на табелата и комплетно да го расипе впечатокот од оваа сезона. Мајорка дури 15 години нема победа над Kаталонците, односно на последните 16 натпревари. Што се однесува до натпреварите кои се одиграле на Палма де Мајорка, Барселона има седум победи и само две нерешени на последните девет дуели.
Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.40)
3032 Милан – Сасуоло (21:00)
Фудбалерите на Милан имаат лесна задача во Купот на Италија и на „Сан Сиро“ го пречекуваат второлигашот Сасуоло. Црвено-црните се во серија од шест натпревари на кои немаат загубено во сите натпреварувања и сигурно нема да си дозволат луксуз и кикс против второлигаш на домашен терен во Купот. Последните два меча на Милан завршија најмалку со три гола, а на последниот меѓусебен дуел одигран во април годинава беа постигнати дури шест гола.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.50)
2846 Баерн Минхен – Баер Леверкузен (20:45)
Ждрепката сакаше во осминафиналето од Купот на Германија да се сретнат актуелниот шампион и лидерот на табелата, што значи дека една екипи ќе биде елиминирана многу рано. Баерн Минхен за разлика од минатата сезона, во оваа има голема предност пред Баер Леверкузен во Бундеслигата, но бранителот на двојната круна сигурно нема да се откаже толку лесно од овој трофеј. Три од последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа со голови во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.95)
3031 Болоња – Монца (18:30)
Болоња во саботата одигра одлично против Емполи и победи со 3-0 на домашен терен во Серија А, а сега има нов предизвик, но во Купот на Италија. На „Ренато Дал-Ара“ пристигнува претпоследната екипа на табелата во Серија А, Монца, па домашните фудбалери како големи фаворити влегуваат во овој меч. Монца веќе шест натпревари по ред не знае за победа, а нивниот првенствен меч пред два месеца заврши со победа на Болоња од 1-2 на гости.
Предлог тип: 1Х & Т12+ (1.94)