Единсон Кавани, искусниот напаѓач на Пари Сен Жермен, изненадувачки може да направи трансфер во Барселона, тврди „Дијарио спорт“. На Кавани за неколку дена му завршува договорот со францускиот првак и многу веројатно е дека ќе стане слободен играч.
Уругваецот дури нема да биде дел од екипата и за настапите во Лигата на шампионите, па веќе на големо се шпекулира дека следната дестинација за Кавани ќе биде „Камп ноу“. Ова би бил интересен трансфер, посебно ако се знае дека каталонскиот гигант веќе некое време се обидува да го врати Нејмар во Барселона. Сега, наместо Бразилецот, во Барселона може да дојде Кавани, кој во 21 меч, даде седум погодоци за ПСЖ.
Од Барселона најавија дека летово сигурно сакаат да доведат напаѓач, а прва опција е Лаутаро Мартинес од Интер, кој сепак може да биде многу скап, па Кавани може да биде вистинско решение.