Барселона ќе купува фудбалер на Ливерпул за 60 милиони евра?!

Раководството на Ливерпул планира да го продаде крилниот напаѓач Луис Дијас, а веќе и ја одредија цената за него. Кој ќе сака да го купи Колумбиецот, ќе треба да плати 80 милиони евра, но се чини дека оваа сума важи само за екипите од Саудиска Арабија.

Според медиумите на Островот, фудбалерот и раководството имаат џентлменски договор тој да биде ослободен и за 60 милиони евра доколку стигне понуда од некоја европска екипа. Интерес за него има и од Барселона, а токму гордоста на Каталонија е желбата на Дијас.

И спортскиот директор на Барселона, Деко, долго изјавува дека Колумбиецот е голема желба за ново засилување на екипата. Сепак се поставува прашањето дали Каталонците имаат финансиска моќ да ангажираат фудбалер за кого ќе треба да платат 60 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести