Играчот за врска на Барселона, Педри, ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, официјално потврдија од каталонскиот клуб. Шпанскиот репрезентативец настапи како стартер на дуелот против Спарта Прага, кој Барселона го доби со 2-4 во ЛШ, но по околу 60 минути игра мораше да го напушти теренот поради повреда.
Иако првичните информации најавуваа скинат мускул, дополнителните лекарски прегледи покажаа дека Педри има повреда на задниот дел на бутниот мускул. Повредата е потврдена по деталните медицински тестови што фудбалерот ги помина утринава.
INJURY UPDATE
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 22, 2026
Tests conducted this morning have confirmed that first team player Pedro González “Pedri” has a right hamstring injury, which he picked up during the game against Slavia Prague yesterday.
The recovery time is expected to be one month. pic.twitter.com/b5xGJdKjuw
„Направените тестови потврдија дека фудбалерот од првиот тим, Педро Гонзалес–Педри, заработил повреда на десниот бутен мускул на натпреварот против Славија Прага. Проценетото време за закрепнување изнесува околу еден месец“, соопштија од редовите на Барселона.
Отсуството на Педри претставува голем проблем за тренерот Ханси Флик, имајќи предвид дека станува збор за еден од клучните играчи во средниот ред. Во досегашниот дел од сезоната, Педри има ефект од два погодоци и осум асистенции на 25 одиграни натпревари.
Според најавите, тој ќе ги пропушти натпреварите со Овиедо, Елче, Жирона и Леванте во Ла Лига, последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против Копенхаген, како и пресметката со Албасете во Купот на кралот.

