Барселона ќе му понуди нов договор на Левандовски

Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да остане уште две сезони во каталонскиот гигант. Според „Спорт“, клубот планира да му понуди нов договор што ќе важи до 2027 година.

Актуелниот договор на 36-годишниот полски напаѓач истекува на крајот од оваа сезона, но информациите од Каталонија сугерираат дека двете страни веќе постигнале договор за продолжување на соработката.

Левандовски оваа сезона во Ла Лига одигра 23 натпревари, при што постигна 20 гола. Барселона со триумфот над Рајо Ваљекано се врати на врвот на табелата во првенството на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести