Барселона ќе му укаже голема чест на Меси и доколку не го врати идното лето

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, ќе добие статуа пред стадионот на Барселона, „Камп Ноу“, најави претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Артентинецот моментно настапува за ПСЖ, но се смета за најдобар фудбалер во историјата на Барселона.

Лапорта не крие дека негова голема желба е да го врати Меси во Барселона, клубот каде Аргентинецот помина 20 години и очигледно е подготвен да ги прифати сите барања на фудбалерот за идното лето да се врати на „Камп Ноу“.

„Секако дека ќе изградиме статуа пред стадионот, веднаш до таа на Јохан Кројф. Одлуката е донесена и сега работиме на нејзино спроведување“, изјави Лапорта на седницата на собранието на клубот.

Лионел Меси одигра 778 натпревари за Барселона и постигна 672 гола притоа освојувајќи ги сите трофеи што може да се освојат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести