Барселона ќе остане без Марк Касадо до крајот на сезоната

Играчот од средниот ред на Барселона, Марк Касадо, би можелo да ги пропушти сите преостанати натпревари на тимот до крајот на сезоната. Според каталонскиот „Спорт“, талентираниот фудбалер, кој оваа сезона направи сериозен пробив, има скинат латерален лигамент на коленото, а постои реална опасност да биде надвор од терените повеќе од два месеца, зависно од тоа дали повредата е целосна или делумна.

Касадо започна како стартер во вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид, заменувајќи го Френки де Јонг, кој имаше гастроентерит пред натпреварот. Тој беше заменет во 67-мата минута и не изгледаше како да има сериозна повреда, иако во првото полувреме имаше болен судир со Антоан Гриезман. Сепак, по натпреварот, неговата состојба се влошила.

Според „Спорт“, постои минимална можност Касадо да се врати за последните два натпревара од сезоната, но многу поверојатно е дека веќе го одигра својот последен меч за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести