Барселона е лидер во Ла Лига со два бода предност пред Реал Мадрид, но елиминацијата од Лигата на шампионите го вклучи алармот на „Камп Ноу“ и тренерот Чави Ернандез бара од управата да биде активна во зимскиот преоден рок и да донесе нови засилувања во одбраната и средниот ред.
Како можни засилувања за средниот ред се споменуваат играчите од Премиер лигата, Илкај Гундоган и Јури Тилеманс, кои се во последната година од договорите. Додека сè уште има шанси Гундоган да потпише нов договор со Манчестер сити, Тилеманс сака да ги оди од Лестер и Чави не би имал ништо против тој да пристигне на „Камп Ноу“.
Како опција за одбраната се споменува Бенжаман Павар кој е несреќен во Баерн Минхен поради малата минутажа. Французинот е во последната година од договорот, па сигурно е дека отштетата нема да биде голема за него.
Желбата на Чави е пак Диого Дало од Манчестер Јунајтед или Хуан Фојт од Вилјареал, но тие се многу поскапи од Павар.
Како главна цел за идното лето, Чави и претседателот Жоан Лапорта ја имаат да го убедат Лионел Меси да се врати во Барселона и на „Камп Ноу“ да ја заврши кариерата.