Барселона киксираше, шанса Реал да влезе како првопласиран во Ел Класико

Барселона се врати на старите навики, а тоа е да одигра послабо на гостински терен. Каталонскиот гигант одигра 2:2 на гости кај Реал Сосиедад, во меч на кој имаше негатива од 0:1, но потоа беше и во водство. Гризман и Суарес погодуваа за гостите, но Исак погоди во 62 минута за 2:2.

Ова беше еден од ретките дуели на кои Барселона имаше послаб посед на топка. Играчите на Сосиедад имаа 53 отсто посед на топакта и дури 19 удари кон голот на Тер Штеген, со што само се потврдува дека домаќините одиграа одличен меч.

Барселона имаше седум победи по ред против Сосиедад, но оваа лоша серија заврши денеска. Каталонците со овој кикс му дадоа шанса на големиот ривал Реал Мадрид да избие на првото место на табелата. Доколку Кралевите утре победат на гости кај Валенсија, Реал ќе има два бода повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести