Барселона конечно ќе се ослободи од него: Клуб од Саудиска Арабија заинтересиран за Кеси

Сè уште неименуван клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран за фудбалерот на Барселона, Франк Кеси. Вредноста на фудбалерот според „Трансфермаркет“ е 25 милиони евра, а тоа значи дека Каталонците ќе обезбедат добра сума пари за ангажирање нови фудбалери.

Раководството на Барселона веќе подолго време сака да се ослободи од репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, но тој одбива да си замине. Сепак, сега веројатно добро ќе размисли за финансиски примамливата понуда на Арапите.

Веќе од поодамна интерес за Франк Кеси има и од клубови од Германија и Англија.

- Оглас -

Најнови вести