Барселона се интересира за ангажманот на Јулиан Риерсон од Борусија Дортмунд, објави „Скај спорт“. Шпанскиот шампион сака да ја зголеми конкуренцијата на дефанзивецот Жул Кунде, а 28-годишниот норвешки репрезентативец Риерсон е следен од скаутите на каталонскиот клуб во последните неколку месеци.
Првичните разговори помеѓу претставниците на фудбалерот и Барселона веќе се одржани. Договорот на Риерсон со Дортмунд важи до летото 2028 година. Дефанзивецот дал согласност да премине на „Камп ноу“ следното лето.
Во актуелната сезона Јулиан Риерсон одигра 13 натпревари во Бундеслигата и забележа три асистенции.

