Екипата на Барселона е заинтересирана за услугите на Маркус Рашфорд.
Англискиот напаѓач во редовите на Манчестер јунајтед не се наигра оваа сезона, а според медиумите од Островото и од Шпанија тој е на листата желби на Чави.
Рашфорд сезонава одигра само 565 минути и за тоа време има постигнато три гола и една асистенција, што е далеку под очекувањата.
Напаѓачот наводно е во плановите на новиот предводник Ралф Рагнарик, а во Каталонија би пристигнал како позајмен играч, а ако ги задоволи критериумите на Чави и раководството, може да биде и откупен.