Барселона купува напаѓач кој е кошмар за Реал

Шпанските медиуми најавуваат дека до крајот на зимскиот преоден рок, Барселона ќе го засили нападот. Иако каталонскиот гигант и сега го има убедливо најдобриот напад, во фокус им е доведување на Кристијан Стуани. Искусниот 32-годишен напаѓач сезонава во дресот на Жирона даде 12 погодоци и е трет стрелец во Примера, веднаш зад Лионел Меси и Луис Суарес.

Барселона мора да најде голгетер кој би бил резерва на Меси и Суарес бидејќи летоска од „Камп ноу“ си замина Пако Алкасер (во Борусија Дортмунд), а сега клубот го напушти и Мунир ел Хадади (се пресели во Севилја). Како класичен напаѓач, Барселона сега го има само Суарес, што секако е премалку за тим кој атакува на три титули сезонава.

Стуани во последните две сезони го покажа целиот свој квалитет. Во 50 меча даде вкупно 33 погодоци, а што е уште поважно, тој погодува и против мадридските гиганти. Минатата сезона даде 21 гол, од кои три беа против Реал Мадрид, а двапати ја тресеше и мрежата на Атлетико Мадрид.

 

 

- Оглас -

Најнови вести