15.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Барселона лесно и убедливо до триумф над Хетафе (Видео)

Екипата на Барселона прокнижи планирани три бода од мечот против Хетафе на домашен терен, кој се играше на стадионот „Јохан Кројф“. „Каталонците“ победија со 3-0, иако можеше да биде и многу поубедливо, а мечот го завршија со посед на топката од 71%.

Феран Торес беше двоен стрелец, погодувајќи ја противничката мрежа во 15-тата и 34-тата минута, а третиот гол беше дело на Дани Олмо во 62-рата минута.

Барселона по пет кола има 13 бода, два помалку од лидерот Реал Мадрид кој има максимален ефект од пет победи.

Сепак, „каталонците“ и оваа сезона се доминантни според бројот на дадените голови. На пет натпревари постигнаа вкупно 16 или нешто над три гола по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести