22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Барселона лесно со 4:1 го победи Реал Мадрид (Видео)

Женскиот тим на Барселона без многу проблеми со 4:1 славеше против девојките кои го носат дресот на Реал Мадрид во едно поинакво фудбалско Ел Класико. Како и во машкиот фудбал, ова е дуел на два тима кои се во борба за врвот на табелата, но Барселона покажа дека има многу поголем квалитет.

Каталонскиот гигант поведе само по 14 минути игра со голот на Алексија Путељас, а до крајот на првиот дел даде уште два гола за високи 3:0 на полувреме. Во 70-тата минута, Ошоала со вториот погодок на средбата зголеми на 4:0, а Реал Мадрид успеа да даде почесен погодок во 81-вата минута од пенал.

Барселона со оваа победа само ја потврди доминацијата и сега има 13 победи во 13 кола со неверојатна гол-разлика од 73 дадени и само три примени гола. За Реал Мадрид ова е четврти пораз во 16 кола и со 34 бода сега падна на третото место зад Леванте, кој исто така има 34 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести