11.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Барселона, Милан, Манчестер јунајтед, Лион, Унион Берлин, меѓу Квотите на денот (Фото)

Денешните Квоти на денот содржат дел од најзвучните имиња на европскиот фудбал, распоредени низ текот на неделната програма во Топ 5 лигите. Вкупниот коефициент на петте предлози изнесува 53.35.

Првиот предлог доаѓа од Франција, дуелот меѓу Лион и Брест. Квотата на денот е 2.00, ако Лион оствари триумф и биде постигнат најмалку еден гол во првото полувреме.

Унион Берлин го пречекува Холштајн Кил, и доколку постигне два гола во текот на мечот, од кои еден во првиот дел, квотата на денот е 2.15.

Барселона се среќава со Реал Сосиедад и доколку има најмалку еден гол во првото полувреме и два гола во вториот дел, квотата на денот е 2.40.

Манчестер јунајтед е домаќин на Фулам и ако не загуби, а двете екипи постгнат барем по еден гол, квотата на денот е 2.35.

Милан има пресметка против Лацио во Серија А и доколку на дуелот има победник, а воедно бидат постигнати од два до четири гола, квотата на денот е 2.20.

- Оглас -

Најнови вести