Шпанскиот шампион Барселона во моментите кога се наоѓа во центарот на вниманието поради случајот Негреира и обвиненијата за мито и корупција на официјалната интернет-страница објави дека во сезоната 2022/23 остварила профит од 304 милиони евра.
Клубот соопшти дека од спонзорите инкасирал 200 милиони евра, додека од продажба на дресови и на клупски сувенири во касата се слеале повеќе од 100 милиони евра, што претставува историски рекорд.
Управата предводена од претседателот Жоан Лапорта го намали и долгот од 680 милиони на 552 милиони евра, најмногу благодарение на продажбата на 15 отсто на ТВ-правата за натпреварите во Ла Лига на инвестицискиот фонд „Сикст стрит“ на 25 години, како и на продажбата на 49 отсто од акциите на сопствената телевизија, Барса студиос.