Барселона минатото лето беше на работ на банкрот, а сега „Камп Ноу“ го полни со ѕвезди

Управата на Барселона се подготвува за следната сезона и продолжува да носи нови фудбалери иако минатата година клубот беше на работ на банкрот. Претседателот Жоан Лапорта веќе го договори пристигнувањето на Илкај Гундоган од Манчестер сити, а сега му понудија договор и на фудбалерот на Челси, Нголо Канте.

Договорот на Канте со Сините истекува на крајот од сезоната и повеќе од извесно е дека Французинот по седум години ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, а Барселона не сака да ја пропушти шансата бесплатно да го донесе на „Камп Ноу“.

За каталонските медиуми, нелогично е зошто Лапорта му нуди договор на Канте бидејќи во средниот ред има играчи како Гави, Педри, Френки де Јонг, Франк Кеси, Серхио Бускетс, Серхи Роберто кои играат на идентична позиција како и Французинот.

Управата на Барселона, според англиските медиуми планира да направи уште еден невообичаен потег, да го врати играчот кој го продаде минатото лето. Барселона во јануари минатата година ги купи Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, но во следиот преоден рок го продаде на Челси, а сега сака да го врати назад.

Вчера беше објавено дека Барселона се договорила со Роберто Фирмињо кој ќе биде засилување во нападот за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести