Фудбалерите на Барселона четвртипат по ред победија во Ла Лига и се вратија на -8 поени од Реал Мадрид. „Каталонците“ вечерва победија минимално со 0-1 на гостувањето кај Кадис, и тоа благодарение на фантастичниот гол на португалскиот интернационалец, Жоао Феликс.
Барселона на овој меч не блескаше, можеше лесно да остане без победата, но и да победи поубедливо. Сепак, на крајот се бројат головите, а најважни се бодовите, а тиа вечерва патуваат за Каталонија.