Шпанскиот првак Барселона трпи огромни загуби поради прекинот на првенството во Шпанија. Дури и да продолжи Примера дивисион, каталонскиот гигант ќе има загуби бидејќи ќе се игра пред празни трибини, а само од продадените билети, Барселона секој меч заработуваше по неколку милиони евра, кои сега нема да се слеат во клупската каса.
Поради ваквата ситуација, во Барселона размислуваат и за продажба на Серхи Роберто. Фудбалерот кој во изминативе неколку години беше еден од недопитливите, сега може и да си замине од „Камп ноу“, а причина за тоа е токму кризата која се случи поради корона-вирусот.
Минатото лето Барселона за Роберто одби 65 милиони евра, сума која сега со сигурност без многу размислување би ја прифатила.
„На Серхио никој не му има речено дека ќе оди на продажба, но општиот впечаток е дека челниците на клубот нема да мислат многу дали да го продадат ако стигне понуда како таа од ланското лето“, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Десниот бек веќе 10 години е дел од Барселона, а Јувентус е клубот кој е најзагреан за да го доведе во Торино. Роберто со Барселона ги освои речиси сите најзначајни трофеи, одигра безмалку 300 меча, во кои даде девет голови. Најпознат погодок на Роберто е тој во 2017 година на дуелот против Пари сен Жермен, кога погоди во 95-тата минута за 6:1 во епскиот пресврт во двомечот од Лигата на шампионите.