Барселона може да победи германски тим, барем во женска конкуренција

6271 Барселона (ж) – Волфсбург (ж) (18.45 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето во женската Лига на шампиони. Каталонките во четвртфиналето го надиграа Реал Мадрид, додека Германките имаа потешка работа, но беа подобри од Арсенал. Барса е фаворит на хартија, поради домашниот терен, но и индивидуалниот квалитет. Барселона сезнава има само победи и во шпанската лига и во ЛШ. Овие два тима последниот меѓусебен дуел го имаа во полуфиналето на ЛШ во август 2020, кога Волфсбург победи со 1-0. Волсфбург има три победи на три меѓусебни дуели, овојпат типуваме сефте за Барса.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.30)

 

1951 Ризеспор – Фенербахче (19.30 часот)

Ризеспор е трети од долу, на пет кола до крај има 10 бода помалку од безбедната зона, и испаѓање не им бега. Иако има две победи во последните четири кола, Ризе тешко дека ќе го совлада и Фенербахче кој се бори за зачувување на второто место. Фенер има пет победи по ред, од кои последните три чисти, без примен гол. Ризеспор има серија од седум меча по ред со ГГ, па веруваме дека и овојпат и ќе дадат и ќе примат гол. Во декември во Истанбул, Фенербахче победи со 4-0, Ризеспор во 2018 година последен пат славеше против Фенер.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

1630 Твенте – Спарта Ротердам (20.00 часот)

Твенте е во добра форма, собра 13 бода во последните пет кола, и важи за фаворит против Спарта која се бори за опстанок. Твенте е четврти, со само три бода помалку од третиот Феенорд. Спарта која победи во минатото коло, заедно со Цволе се најнеефикасни екипи во холандското првенство, а заедно со Валвајк се екипи со најмногу нерешени резултати. Последниот домашен лигашки пораз на Твенте беше во октомври. Последните четири меѓусебни дуели на овие тимови беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1801 Волфсбург – Мајнц (20.30 часот)

Волфсбург нема обезбедено опстанок во Бундеслигата, и можеби е време да победи, за мирна завршница на сезоната. Овој тим има една победа и четири порази во последните пет кола, а ништо поарен не е ниту Мајнц, кој во последните четири кола има по две нерешени и порази. Мајнц има пет бода повеќе од Волфсбург, но тие се гостин каков што може да се посака. Последната победа на гости, Мајнц ја имаше пред половина година, на крајот на октомври. Во минатата сезона, Мајнц славеше на „Фолксваген арената“ со 3-2, па домашните сега имаат шанса да се реваншираат за тој, и за поразот на гости кон крајот на 2021 година.

Предлог тип: 1 (2.55)

 

1011 Хадерсфилд – Барнсли (20.45 часот)

Хадерсфилд е на трета позиција во англискиот Чемпионшип, но има и два меча повеќе од вториот Борнмут кој им бега четири бода, па шансата за Хадерсфилд да влезе во Премиерлигата ќе биде преку баражите. Барнсли е последен, најнеефикасен тим е во лигата, и му следува преселба во Лига 1, немаат многу мотиви на ова гостување. Последниот меѓусебен дуел го имаа во февруари во ФА купот, Хадерсфилд победи со 1-0.

Предлог тип: 1 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести