Барселона конечно може да здивне откако денеска на тренинг по цели 290 дена, се појави Ансу Фати. Фудбалскиот бисер на Барселона без проблеми го одработи првиот тренинг по долго време, откако мина рехабилитациски период од речиси една година по повредата на коленото и трите операции што ги мина во овој период.
Фати има само 18 години и е еден од најголемите таленти на светскиот фудбал во неговата генерација. Повредата на коленото му зададе доста маки, но во Барселона очекуваат повторно да блеска.
Во 2019 година против Бетис дебитираше за шпанскиот гигант на возраст од 16 години и 298 дена како втор најмлад играч во клупската историја на Барселона, зад Висенк Мартинес во 1941 година.
Можно е Ансу да биде во комбинација за настап за Барселона против Хетафе во недела, по цели 9 месеци пауза.