20.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Барселона му „фрли око“ на големиот турски талент

Младиот турски фудбалер Кенан Јилдиз продолжува да го привлекува вниманието на големите европски клубови, а последен во низата е каталонскиот гигант Барселона. Според наводите на турскиот портал „Радиоспор“, Барселона внимателно ја следи ситуацијата околу талентот кој во моментов го носи дресот на Јувентус.

Јилдиз има 20 години и подолго време е сместен меѓу најголемите фудбалски таленти во Европа. Тој веќе е и турски репрезентативец, а сега Барселона се фокусира на него. Јилдиз во Јувентус дојде во 2022 година од Баерн Минхен, каде што ја помина младинската школа.

На почетокот настапуваше за вториот тим на Јувентус, но брзо го покажа квалитетот што го поседува и беше прекомандуван во првиот тим. Тренерот Масимилијано Алегри ја препозна неговата смиреност и фудбалска интелигенција, па му даде шанса да биде заедно со сениорите.

- Оглас -

Најнови вести