Барселона му нуди нов договор и пензија на Меси

Барселона е подготвена да му понуди нов договор на Лионел Меси со важност до 2023 година, со што практично Аргентинецот би останал до крај во клубот за кој игра од 2001 година.

Според „Ел Мундо депортиво“, кај челниците на Барса нема дилеми дека Меси треба да ја заврши кариерата на „Камп ноу“, а во 2023 година, кога би истекувал новиот договор, Аргентинецот би имал 36 години.

Според актуелниот договор, кој важи до 2021 година, откупната клаузула за Меси е неверојатни 700 милиони евра, но има и уште една клаузула од која се плашат во Барселона. Според неа, следната година Меси може да си замине од клубот како слободен играч, но само во случај да не се пресели во клуб од елитните европски лиги.

Тоа отвора варијанта Меси да замине во Кина, САД, Катар, Саудиска Арабија или некоја од земјите кои вложуваат огромни милиони евра за промоција на своите лиги.

Сепак, таа варијанта е речиси неостварлива, а и Меси постојано истакнува дека сака кариерата да ја заврши во Барселона.

Според сегашниот договор, Меси има годишен приход од околу 70 милиони евра (85 проценти е плата, 15 проценти се права од маркетинг, плус добива 63,5 милиони евра при потписот на договорот во 2017 година), а ако остане во Барселона до крајот на сегашниот договор со важност до 2021 година, ќе добие и бонус од 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести