4.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Барселона му нуди нов договор на Ханси Флик

Барселона планира да ја продолжи соработката со својот тренер Ханси Флик до 2028 година, објавува германскиот весник „Билд“.

Сегашниот договор на германскиот стручњак, потпишан во мај 2025 година, важи до крајот на сезоната 2026/27, но раководството на каталонскиот клуб веќе размислува како да ја обезбеди неговата иднина на „Камп ноу“.

Флик, кој има 60 години, ја презеде клупата на Барселона во мај 2024 година и веднаш остави силен впечаток. Во својата дебитантска сезона, тој ја освои тројната круна, Суперкупот на Шпанија, Купот на кралот и Ла Лига.

Посебно импресивни беа резултатите против најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој Барселона го победи во сите четири меѓусебни средби: во финалето на Суперкупот (5-2), финалето на Купот на кралот (3-2) и двата натпревари во првенството (4-0 и 4-3). Во Лигата на шампионите, Каталонците стигнаа до полуфиналето, каде што по драматични натпревари беа елиминирани од Интер (3-3 и 3-4).

Освен клупската кариера, Флик има искуство како селектор на германската репрезентација, а најголеми успеси забележа со Баерн Минхен, тимот со којшто доминираше и на домашната и на европската сцена.

- Оглас -

Најнови вести