Барселона му се налути на Нико што барал гаранции, преговорите прекинати

Весникот „Ел Мундо депортиво“ кој е близок до Барселона објави дека Барса и понатаму сака да го потпише 22-годишното крило Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но преговорите меѓу клубот и агентот на играчот се заглавени во последните денови.

Во Барса имало загриженост и незадоволство поради барањата што претставникот на Нико кои биле поставени во последните денови. Минатата недела, страните постигнаа усмен договор во врска со должината на договорот (на шест сезони) и висината на платата. Но, штом тој усмен договор почна да се спроведува во пракса во документи, почнале високите барања на агентот, што било целосно изненадување за Барса.

Вилијамс преку својот агент имал барања за гаранциите во врска со регистрацијата, со специфични барања во однос на условите што Барселона, во овој момент, ги смета за неприфатливи и кои не биле формулирани во првичните разговори. Тешкотиите на клубот во последниот преоден рок со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор се надвиснаа над овие преговори, па Нико не сака да доживее слична епизода.

Барса му дала гаранции на играчот дека ќе можат да го регистрираат, но засега тоа не е доволно, и ова не е добро прифатено од клубот, кој верува дека тонот е несфатливо зголемен во споредба со првичните разговори, во кои играчот покажал целосна доверба кон клубот.

Доколку Вилијамс ги олабави своите барања во врска со гаранциите за неговата регистрација со што би потврдил дека желбата му е по секоја цена да се пресели во Барса, тогаш може да продолжат преговорите, велат во „Ел мундо“. Клубот не се откажува од Нико, но не се задоволни од начинот на кој се одвиваат разговорите во последните денови.

Интерес за Вилијамс има и од Баерн Минхен кој нема проблем да ја плати клаузулата за негово ослободување, но Нико преферира преселба во Барса. Со оглед на влошените односи со Барса, и во Билбао би биле позадоволни ако Нико отиде во Минхен, а не во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести