10.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Барселона му забранила на Левандовски да постигнува голови!?

Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери во изминативе 15-тина години, играч кој и сезонава блеска во дресот на Барселона. Ветеранот кој има 37 години во кариерата има постигнато над 700 голови, сезонава даде седум погодоци во 12 средби во шпанското првенство.

Неодамна излезе биографијата за Левандовски, потпишана од авторот Себастијан Сташевски, книга во која има многу интересни детали. Еден од интересните детали се однесува на нешто што се случи во сезоната 2022/23, што му беше прва откако дојде во Барселона.

Во книгата се открива како Левандовски бил повикан на разговор со челниците на Барселона, меѓу кои бил и претседателот Жоан Лапорта. Во првата сезона како играч на Барселона, Левандовски постигна 23 гола и водеше во трката за најдобар стрелец во првенството, но од челниците на Барселона добил молба да „престане да постигнува голови во последните две кола“.

Причината за оваа чудна молба била клаузулата која стоела во договорот меѓу Барселона и Баерн Минхен, во која пишувало дека каталонскиот гигант ќе мора да му исплати 2,5 милиони евра на германскиот првак доколку Левандовски во првата сезона постигне барем 25 гола во шпанското првенство.

Во последните две кола во таа сезона, Левандовски играше, но не постигна ниту еден гол, а и покрај тоа, на крајот беше најдобар стрелец во шпанското првенство, пред Карим Бензема од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести