20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Барселона на Флик е најопасна кога губи со два гола разлика

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, рече дека е горд на своите играчи по победата со пресврт од 3-2 над Леванте. Каталонците по првото полувреме губеа со 0-2, а до победата дојдоа во 91-ва минута со автогол на противниците.

„Нашата игра не беше совршена, но мора да признаеме дека Леванте играше добро, имаат брзи играчи. Не беше лесно бидејќи противникот се брани многу длабоко. Продолживме да напаѓаме и успеавме да ја однесеме победата. Ваквите натпревари ти помагаат да растеш. Се боревме до крајот, горд сум на моите играчи кои веруваа до крај и тоа беше клучно“, коментираше германскиот стручњак.

Откако Флик седна на клупата на Барса пред почетокот на минатата сезона, тимот доби пет меча ма кои губеше со два гола разлика, еден во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига. Во 21-ви век, Барса има вкупно 12 такви пресврти, а пет се во ерата на Флик.

- Оглас -

Најнови вести