Барселона на Меси му должи цело богатство

Лионел Меси и Барселона се веќе историја. Каталонскиот гигант немаше пари да го задржи, а Аргентинецот како слободен играч замина во Пари Сен Жермен. Иако си замина од „Камп Ноу“, Меси чека уште многу пари да добие од Барселона.

Според „Ел Мундо Депортиво“, Барселона на Меси му должи 39 милиони евра, пари кои Аргентинецот го заработил како бонус за досега покажаната лојалност кон клубот.

Сличен долг Барселона имаше и кон Нејмар. Бразилецот требаше да добие 16,7 милиони евра како бонус за дотогаш покажаната лојалност кон клубот. Од Барселона на друг начин го толкуваа тој договор и не сакаа да му ги исплатат парите, за да на крајот, по четири годишен спор, двете страни најдат заедничко решение.

- Оглас -

Најнови вести