Барселона на неверојатен начин го победи Реал и го освои Купот (Видео)

Екипата на Барселона е победник во кошаркарскиот Куп на Шпанија, откако со 93:94 славеше против Реал Мадрид во финалето. Неизвесноста на „Ел Класико“ беше до последната секунда, а за да се добие победникот, мораше да се игра и продолжение од пет минути.

Барселона уште во првата четвртина најави дека нема да се предаде против фаворизираниот Реал, па по 10 минути имаше водство од 20:16. Реал возврати со иста мерка и ја доби втората четвртина со четири поени и на полувреме се замина со резултат 35:35.

Реал одигра одлично во третата четвртина. Кралскиот клуб ја доби со убедливи 25:11, предност која ретко кога вака искусен тим не успеал да ја сочува во последната четвртина. Барселона сепак, не се предаде, па дури во финишот на средбата поведе со 74:70. Реал беше тој кој се спасуваше од пораз. Кралскиот клуб даде поени за 77:77 и се избори за продолжение.

Драмата не изостана и во дополнителните пет минути, а Барселона водеше со 92:87, но Реал со серија од 6:0, поведе со 93:92 на четири секунди до крајот. Барселона побара тајм-аут, а за преостанатите четири секунди успеа да направи акција за Tомиќ. Овој шутираше од свртување, Рендолф ја блокираше топката, а судиите побараа да гледаат повторена снимка дали блокадата е регуларна. Иако гледаа и повторена снимка, судиите не забележаа дека топката прво удри во обрач, па Рендолф играше со нејзе, па досудија кош, што значеше и победа од 94:93 за Барселона, која се израдува на трофејот во Купот на Шпанија.

https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1097250089905594368

https://twitter.com/FCBbasket/status/1097241165072687104

- Оглас -

Најнови вести