Барселона налето го враќа играчот кој од „Камп Ноу“ си замина пред девет години

Управата на Барселона во летниот преоден рок планира да направи ремонт на екипата, ќе се обиде да продаде неколкумина играчи од првиот тим, а во исто време планира и да пазари играчи кои се по вкус на тренерот Чави Ернандес.

Веќе е завршена работата со играчот на Бетис, Гвидо Родригес кој на „Камп Ноу“ ќе пристигне како слободен играч, а Чави и спортскиот директор Деко, веќе почнаа да работат да реализација на уште два трансфери.

Еден од нив е капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, а вториот е Дани Олмо од Ред Бул Лајпциг. Деко веќе имал средба со менаџерот на Олмо, Анди Бара, која поминала во позитивна атмосфера и наводно според весникот „Мундо депортиво“, не би требало да има проблеми да се договорат личните услови со шпанскиот фудбалер.

 

Ред Бул Лајпциг за да го пушти Олмо бара 60 милиони евра отштета и нема намера да ја намали сумата.

Дани Олмо е продукт на славната академија на Барселона, Ла Масија, но не заигра за првиот тим, и во 2015 година потпиша за Динамо Загреб, од каде во 2020 година се пресели во Ред Бул Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести