15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Барселона налето планира да донесе млада ѕвезда, прв избор е Кварадона

Управата на Барселона налето планира да направи голема реконструкција на тимот, која всушност започна со најавата на тренерот Чави Ернандес дека на крајот од сезоната ќе си замине, и главен приоритет ѝ е да ангажира играч кој ќе игра на левата страна во нападот.

Каталонските медиуми пишуваат дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, има четири желби, Рафаел Леао од Милан, Габриел Мартинели од Арсенал, Каору Митома од Брајтон и Хвича Хварацхелија од Наполи.

Лапорта е свесен дека Рафаел Леао е прескап, откупната клаузула изнесува 175 милиони евра и поради тоа ќе се обиде да го ангажира популарниот Кварадона. Кварацхелија сè уште не го продолжил договорот со Наполи иако преговорите траат неколку месеци и тоа сака да го искористи Лапорта и да го донесе Грузиецот на „Камп ноу“.

Но, за да може да се засилува налето, Барселона ќе мора да продаде неколку играчи и на трансфер-листата се наоѓаат Френки де Јонг, за кого бара 100 милиони евра. Рафиња би требало да донесе 60 милиони во клупската каса, а пари се очекуваат и од продажбите на Жил Кунде и Андреас Кристенсен.

- Оглас -

Најнови вести