31.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Барселона не е добредојдена во Париз: Навивачите на ПСЖ ја „поздравија“ и Шакира (фото)

Барселона утре гостува во Париз каде што треба да одигра реванш-дуелот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, во кој Каталонците ќе влезат со огромна негатива од 1-4 по поразот на „Камп ноу“ од првата пресметка.

Мисијата е речиси невозможна за тимот на Роналд Куман да се избори за поволен резултат и евентуално четвртфинале, навивачите на шпанскиот гигант сонуваат за нова „ремонтада“, меѓутоа се чини дека Светците нема да дозволат ново фијаско.

Во пресрет на дербито, навивачите на ПСЖ со транспаренти не им посакаа добредојде на Каталонците, додека ја навредија и популарната пејачка Шакира, која е сопруга на Жерар Пике.

„Шакира од Ла Жонкера“, пишува на еден од транспарентите, алудирајќи на борделите во Жирона кои често се посетувани од француски туристи блиску до шпанско-француската граница.

 

- Оглас -

Најнови вести