Борбата за титулата во Шпанија е завршена, Реал Мадрид е шампион, па Барселона и Жирона ја продолжуваат битката за утешната втора позиција, ако воопшто значи дали ќе бидат втори или трети.
Каталонците вечерва со 2-0 на домашен терен го совладаа Реал Сосиедад и се вратија на втората позиција со бод предност пред локалниот ривал Жирона.
Головите за Барселона беа дело на Ламине Јамал во 40-тата минута и на Рафиња во 93-тата минута од пенал.

