Екипата на Монако се пласираше на фајнл-фор кошаркарскиот турнир во Евролигата. Во решавачкиот петти меч, Монако на свој терен, во драматична завршица ја победи Барселона со 85:84.
Монако имаше 2:0 во победи против каталонскиот гигант, но Барселона ги доби следните два меча и израмни на 2:2, а вечерва сакаше да го повтори подвигот на Реал Мадрид, кој сепак останува единствен тим кој губел со 2:0, а на крајот славел со 3:2 во победи и се пласирал на фајнл-фор завшницата.
Во текот на целиот меч двата тима се менуваа во водство, па јасно беше дека ќе има неизвесна завршница. Барселона водеше со 84:83, но домаќините погодија за 85:84. Во последниот напад на Барселона, Кевин Пантер ја презема одговорноста да решава, но неговиот шут за три поени од неизградена позиција заврши непрецизно.