Барселона не го повтори чудото на Реал, реши последниот шут

Екипата на Монако се пласира на фајнлфор кошаркарскиот турнир во Евролигата. Во решавачкиот петти меч, Монако на свој терен, во драматична завршица ја победи Барселона со 85:84.

Монако имаше 2:0 во победи против каталонскиот гигант, но Барселона ги доби следните два меча и израмни на 2:2, а вечерва сакаше да го повтори подвигот на Реал Мадрид, кој сепак останува единствен тим кој губел со 2:0, а на крајот славел со 3:2 во победи и се пласирал на фајнлфор-завшницата.

Во текот на целиот меч двата тима се менуваа во водство, па јасно беше дека ќе има неизвесна завршница. Барселона водеше со 84:83, но домаќините погодија за 85:84. Во последниот напад на Барселона, Кевин Пантер ја презеде одговорноста да решава, но неговиот шут за три поени од неизградена позиција заврши непрецизно.

- Оглас -

Најнови вести