Барселона не го заборава Меси: “Се гордееме што сме дел од оваа неверојатна приказна“ (Фото)

Лео Меси со освојувањето на титулата од Лига купот на Северна Америка стана најтрофејниот фудбалер во историјата со вкупно 44 трофеи.

Најголемиот дел од овие трофеи се разбира дека се со Барселона, дури 35. Пет се со репрезентацијата на Аргентина, три со ПСЖ и овој последниов со Интер Мајами.

Ваквиот подвиг на Меси секако дека беше поздравен и од клубот каде мина 21 година од својот живот.

– “Му честитаме на Лео Меси што стана најтрофејниот фудбалер на сите времиња! 44 трофеи. Се гордееме што сме дел од оваа неверојатна приказна.“ – стои во објавата на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести