Барселона не лета во Баскија – Штрајкот ќе ги намачи Меси и ѕвездите на Каталонците

Фудбалската експедиција на Барселона ќе остане заглавена и без можност да лета за Баскија, па Лионел Меси и останатите ѕвезди на актуелниот првак на Шпанија ќе патуваат со автобус до Еибар.

Ги чека дуел со Еибар и пат долг 589 километри, а ќе се игра во сабота, од 13 часот. Можно е штрајкот дотогаш да заврши, но проблем е најмувањето авион во последен момент.

Ретко се случува играчите на Барселона да патуваат со автобус, но сега ќе мора направат исклучок за мечот од деветтото коло во шпанската Ла Лига.

Во финишот на ланското првенство за првпат во меѓусебните дуели Еибар успеа да ремизира со Барселона, 2:2, по серијата од девет порази по ред. Баскијците немаат ниту една победа против еден од најдобрите тимови на планетата.

- Оглас -

Најнови вести