Барселона не може да игра ЛШ на „Монжуик“? Опција е и преселба во Валенсија или Мадрид

Барселона е во неизвесност каде ќе ги игра своите натпревари во вториот дел од сезоната. Станува јасно дека до крајот на сезонава нем да се врати на „Камп Ноу“ кој се реновира, и се доцни со работите кои требаше да завршат до ноември, а сега Каталонците имаат нов проблем.

Барса нема да може да ги игра домашните натпревари од Лигата на шампионите на „Монжуик“ поради обврските што Градскиот совет ги има со стадионот, и се бара алтернатива.

Според правилата на УЕФА, клубовите мора да ги играат сите натпревари на ист стадион до крајот на натпреварувањето.

Има три опции за каталонскиот клуб: „Корнела Ел Прат“ стадионот на граддскиот ривал Еспањол, „Месталја“ во Валенсија или „Ванда метрополитано“ во Мадрид.

Доколку Барса не влезе меѓу осумте најдобри и мора да игра во плеј-офот од Лигата на шампионите, ќе треба да го избере својот стадион пред ждрепката која ќе се одржи на 31-ви јануари. Ако Барса заврши меѓу осумте најдобри, што е сосема реална опција со оглед на тоа што се втори на табелата на две кола до крај, ќе имаат малку повеќе време, и стадионот на кој ќе играат мора да го одредат пред 21-ви февруари.

Минимална, но уште постои опцијата да падне договор со градскиот совет за продолжување на рокот за играње на олимпискиот стадион „Монжуик“.

- Оглас -

Најнови вести