Барселона не регистрираше петмина играчи за стартот на новата сезона, меѓу нив е и Дани Олмо

Новата сезона во шпанското првенство започнува утревечер, со два дуела, и тоа: Атлетик Билбао – Хетафе и Бетис – Жирона. Својот меч од првото коло Барселона ќе го игра в сабота, и тоа на гости кај Валенсија, а од каталонскиот гигант потврдија дека на листата на пријавени играчи се и Ансу Фати, Ерик Гарсија и Клеман Ленгле.

Сепак, меѓу фудбалерите кои се на списокот изостанаа пет имиња, меѓу кои е и најновото засилување Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец направи трансфер од Лајпциг во Барселона за 55 милиони евра, плус бонуси кои може да бидат дополнителни седум милиони евра.

Освен Олмо, меѓу играчите кои не се пријавени за настап се и Иниго Мартинес, Алекс Ваље, Пабло Торе и Пау Виктор. Се очекува Олмо и останатите четворица кои не се пријавени да добијат свое место во тимот на Барселона најдоцна до петок и тие да бидат на располагање за тренерот Ханси Флик.

- Оглас -

Најнови вести