Барселона не се откажува од трансферот на Маркус Рашфорд уште во зимскиот преоден рок. Каталонците сакаат да го позајмат фудбалерот од Манчестер јунајтед до крајот на оваа сезона, со оглед на тоа дека Рашфорд не е во плановите на Рубен Аморим и воопшто не е дел од составот за натпреварите.
Манчестер јунајтед и Барселона веќе преговарале, но проблем е платата на фудбалерот, која изнесува 300.000 фунти неделно. Со оглед на финансиските проблеми кои ги има Барселона, тие не се во можност да му ја исплатат оваа сума, па тоа е единствениот проблем кој треба да го решат раководствата на двете екипи.
Барселона бара од фудбалерот да се согласи на помала плата или дел од сегашната да продолжи да му ја исплаќа Манчестер јунајтед. Сепак, во редовите на Каталонците владее оптимизам дека позајмицата може да се реализира до крајот на преодниот рок, трети февруари.