Барселона не знае за пораз откако Чави кажа дека ќе си оди на крајот од сезоната

Барселона игра неверојатно, нема пораз на последните 13 меча и тоа откако тренерот Чави Ернандес објави дека на крајот од сезоната објави дека ќе ја напушти клупата.

Чави кон крајот на јануари во моментите кога Барселона бележеше лоши резултати, на прес-конференција јавно соопшти дека ќе ја напушти клупата на каталонскиот тим на крајот од сезоната.

Но, оттогаш Барселона игра фантастично, не знае за пораз во досегашните 13 меча во сите натпреварувања.

Последниот пораз на Барселона беше на 27 јануари од Виљареал (3:5) кога Чави ги изненади навивачите на каталонскиот тим, и од следниот меч влезе во серија од 13 меча без пораз, од кои десет се триумфи и само три се ремија.

Серијата започна со минималната победа над Осасуна, по што следеше триумф и над Алавес (3:1). Едно од трите ремија беше остварено против Гранада (3:3), а февруари го затвори со два триумфи над Селта (2:1) и Хетафе (4:0). Второто реми е дуелот со Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите (1:1), а последното реми е остварено на трети март против Атлетик Билбао (0:0).

Оттогаш до синоќа, Барселона оствари шест победи во Ла Лига и во ЛШ, и тоа над Мајорка (1:0), Наполи (3:1), Атлетико Мадрид (3:0), Лас Палмас (1:0), ПСЖ (3:2) и Кадис (1:0).

- Оглас -

Најнови вести