Барселона некомплетна на „Месталја“, Димитриевски резерва?

Натпреварот помеѓу Валенсија и Барселона кој ќе се игра вечерва од 21.30 часот на „Месталја“, може да биде шанса за Лилјаците да прекинат една лоша традиција, со оглед на тоа дека Каталонците ќе бидат некомплетни.

Средбата е значајна и за македонскиот голман Столе Димитриевски, бидејќи ќе види каков е неговиот статус во клубот за кој потпиша летово. На последниот контролен меч на Валенсија, Столе почна како резерва на Мамардашвили и бранеше во второто полувреме.

Грузиецот можеби ќе направи трансфер до крајот на месецов, но во моментов е играч на Валенсија и иако во Валенсија се задоволни од изданијата на Димитриевски во подготвителниот период, шпанските медуми најавуваат дека Мамардашвили ќе добие предност.

Иако „Месталја“ е еден од најнепријатните стадиони за гостување во шпанската лига, Барселона таму загубила само еднаш на последните 17 гостувања.

Но, тренерот Ханси Флик има проблеми околу составот. Во последен момент отпадна искусниот Илкај Гундоган, и им се придружи на Араухо, Гави, Де Јонг и Ансу Фати кои се на листата на повредени, на Фермин Лопес кој е на одмор, Дани Олмо уште не е пријавен, и на Ленгле и Витор Роке на кои клубот веројатно не смета. Позитивна вест за тимот е што Педри се најде на листата и ќе може да игра.

- Оглас -

Најнови вести