Барселона нема пари за Нејмар, но тој преку Саудиска Арабија ќе се врати на „Камп ноу“?

Бразилскиот репрезентативец Нејмар и официјално е ставен на трансфер-листа и ПСЖ е подготвен да го продаде откако тоа го побара самиот фудбалер.

За него во моментов има понуди само од Саудиска Арабија, од каде што се клубовите кои се подготвени да го платат обесштетувањето од 100 милиони евра. Интерес за услугите на Нејмар имаше и од Барселона, но Каталонците немаат пари да го вратат во своите редови.

Сепак, постои опција со која Нејмар најпрво би потпишал четиригодишен договор со клуб од Саудиска Арабија, а потоа како позајмен би настапувал една сезона во дресот на Барселона, која треба да издвои „само“ 12 милиони евра за дел од неговата плата.

- Оглас -

Најнови вести