Барселона беше убедлива и со 6:1 славеше над Олимпијакос во меч од третото коло во Лига на шампиони. Серијата погодоци започна во седмата минута кога Фермин Лопес погоди за 1:0. Тоа беше и најава за шоуто кое следуваше, а Лопес погоди и во 39 минута, па резултатот на полувреме беше 2:0 за каталонскиот гигант.
Во второто полувреме први погодија гостите. Беше досуден пенал за Олимпијакос, а Кабаи погоди за 2:1. Тоа како да ги налути фудбалерите на Барселона, па следуваше потоп за Грците.
Ламин Јамал од пенал погоди за 3:1 во 68 минута, а потоа два гола постигна Маркус Рашфорд, додека одличната игра со хет-трик ја комплетираше Фермин Лопес.
Во вториот меч кој се играше од 18:45 часот, Каират Алмати и Пафос ремизираа без голови, во дуелот на двата дебитанти во ЛШ. Ова беше прв историски бод за Каират Алмати, додека Пафос веќе собра два бода.