Барселона рутински се пласира во осминафиналето на Купот на Шпанија откако славеше со 0-4 на гости кај нисколигашот Барбастро. Тренерот Ханси Флик му даде шанса на Војчех Шченсни на голот и тој успеа да ја сочува мрежата.
Ерик Гарсија донесе водство за каталонскиот тим, а Роберт Левандовски погоди за 0-2. Во вториот дел Полјакот постигна уште еден гол, а четвртиот погодок беше дело на Пабло Торе.
Севиља загуби на гости кај Алмерија со 4-1 и е елиминирана од Купот. Луис Суарез беше стрелец на хет-трик, а погоди и Марези за домаќинот.
Во следната рунда од Купот на Шпанија се пласираа и Осасуна и Бетис.